Старешините и цивилните лица од командата на Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) која воедно е и команда на гарнизонот Криволак, реализираа кондиционен рекреативен марш.
На маршот долг околу 7 км заедно учествуваа старешините и цивилните лица од командата на ЦПО и полициските службеници од полициските станици со општа надлежност од Неготино и Кавадарци, како и полициските службеници од регионалниот центар за гранични работи ЈУГ.
Маршот е планска активност според календарот за обука на ЦПО за 2014 година и негова цел е одржување на физичката подготвеност на персоналот. Овој пат маршот имаше уште една цел, а тоа е соработка и дружење помеѓу припадниците на АРМ и МВР од овој регион. Како резултат на досегашната соработката помеѓу АРМ и МВР на локално ниво, за првпат во овој регион се изведе ваков вид на активност.
Сите учесници на маршот имаа можност да се запознаат со дел од теренот во поширокиот реон на градот Неготино. За време на маршот се разменуваа искуства и мислења помеѓу припадници на АРМ и МВР. Маршот заврши во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино со заеднички ручек со вкупно 100 лица
Задоволството за ваква реализирана активност беше видно кај сите ученици на маршот. Соработката помеѓу гарнизонот Криволак и органите од локалната самоуправа ќе продолжи и во понатамошниот период.