Во рамките на јубилејот 30 години од формирањето на Армија, припадниците од Командата за обука и доктрини (КОД) и потчинетите единици реализираа кондиционо-рекреативен марш на „Славеј Планина“,
За време на маршот беше посетено спомен обележјето каде е формиран баталјонот „Мирче Ацев“, првата регуларна воена единица на НОВ на Македонија, во чија чест Армијата го прославува како Ден на Армијата.
Учесниците на маршот имаа можност да присуствуваат на историски час посветен за формирањето и активностите на баталјонот „Мирче Ацев“. на кој беа презентирани и историските и културни вредности кои се негуваат како културно наследство. Историскиот час го реализираше кустос од здружението на воени ветерани на град Охрид.
С/Г