Во изминатите дваесетина дена во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини се реализираше Курс за инструктори (2-18). Курсот го посетуваа подофицери, припадници од единиците на Армијата на Република Македонија.
Слушателите на курсот преку практична работа имаа можност да се оспособат за непосредно изведување обука на подофицери и професионални војници. Во процесот на обуката идните инструктори се стекнаа со знаења, вештини и техниките за поквалитетен пристап кон обуката.
За време на церемонијата со која се означи завршетокот на курсот, Командант на центарот за индивидуална обука и главниот подофицер на Командата за обука и доктрини на слушателите им посакаа успешна понатамошна работа како и имплементирање на стекнатите знаења во своите единици, а на тројцата најдобри слушатели им беа доделени пофалници.