Во период од 29.01. до 16.02.2024 година во Военомедицинскиот центар (ВМЦ), во просториите на Одделот за медицинска обука (ОМО), односно во училницата наменета за одржување на часови по англиски јазик се одржа „Курс за воена и медицинска терминологија на англиски јазик“. Курсот го посетуваа и успешно го завршија началникот и инструкторите од ОМО/ВМЦ.
Овој вид на специјализиран курс се одржа за прв пат како пилот-проект, организиран од страна на Командата за обука и доктрини и Центарот за странски јазици.
Курсот беше креиран според потребите на медицинските лица од Армијата и реализиран од страна на професорите по англиски јазик.
Наставните содржини се изведуваа преку теоретска и практична настава.
Во текот на курсот беа обработени теми од воена и медицинска терминологија кои се потребни за реализација на преглед на пациент, известување за медицински инцидент, опис на повредите, комуникација со релевантни стручни и воени лица и единици, како и подготовка и реализација на презентација и брифинг. Сите вештини опфаќаа теоретски предавања и практично извежбување со употреба на воена терминологија.
Стекнатите знаења се од големо значење за слушателите коишто го посетуваа курсот и истите ќе најдат голема примена во нивната секојдневна работа.