Во рамките на одбележувањето на 70 годишнината од Февруарски поход, Командата за обука и доктрини (КОД) даде свој придонес во чествувањето на овој јубилеј, кој беше во организација на Општинската организација на Сојузот на Борци и граѓани продолжувачи на традициите од НОВ.
По тој повод делегација од КОД, предводена од Командантот полковник Љупчо Костовски, положи цвеќе и оддаде почит на загинатите борци на спомен обележјето во месноста Камила. На споменикот почит оддадоа повеќе делегации, а сеќавања за историскиот настан со пригоден рецитал пренесоа ученици од Велешката гимназија „Кочо Рацин“.
Претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци и граѓани продолжувачи на традициите од НОВ, г-дин Саздо Кицевски пред споменикот му врачи благодарница на полковник Љупчо Костовски за успешна соработка и спроведување на активности на Организацијата на борците од НОВ.
По оддавањето почит на споменикот, членовите на Сојузот на борци заедно со претставниците од општина Велес и учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ ја посетија и разгледаа спомен собата во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ и проследија презентација за животот и работата на припадниците на АРМ и КОД.
Активноста заврши со заеднички ручек во војничкиот ресторан во касарната.