Во рамки на редовното шестмесечно реферирање пред командантот на Командата за обука и доктрини (КОД), бригаден генерал Методи Хаџи Јанев од страна на началниците на првопотчинетите единици на КОД, беа изнесени согледувањата поврзани за персоналниот менаџмент, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, условите за живот и работа, врските и комуникациите и буџетирањето.
Воедно, преку показна вежба се прикажаа предлози за подобрување на изведување на подготвително гаѓање (ПГ) под реден број 2, кои се резултат на научените лекции и анализи од ова подготвително гаѓање.
Притоа на полигонот присутните имаа можност да присуствуваат на методско показна вежба на тема „Извршување на ПГ-2 со АП 7,62 мм М 70“, реализирана во два дела каде првиот дел е согласно досегашните правила, а во вториот дел согласно новите предлози со цел подобра функционалност при работа со професионалните војници.
Целта на оваа презентација е промена при изведување на ПГ врз одредени постапки кои треба да се употребуваат во реална ситуација и да се спроведат во извежбување на професионалните војници за побрза реакција и постигнување на подобри резултати.