Со свечено постројување во услови на преземање на мерки за заштита и справување од пандемијата COVID-19 во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ Велес припадниците на Командата за обука и доктрини (КОД) го одбележаа 18ти Август Денот на Армијата на Република Северна Македонија.
На почетокот на активноста пред построените припадници на КОД беше прочитана честитката по повод празникот од Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.
За време на свеченото постројување Командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев во својот говор им го честиташе денот на Армијата при што се осврна на предизвиците и задачите кои престојат во наредниот период. Командантот особено го истакна значењето на КОД во градењето на капцитетите на Армијата како еден од приоритетите во периодот по зачленувањето во НАТО.
На крајот на свечено постројување беа прочитани наредбите за унапредување и доделување на стимулативни мерки на припадниците од гарнизонот Велес.
С/Г