Во организација на Командата за обука и доктрини на АП „Криволак“ во присуство на командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и бригаден генерал Џон Баурон се означи почетокот на „Лидерски курс за водачи на тимови и одделенија“, кој ќе се изведува со мобилен тим за обука од Вооружените сили на Обединетото Кралство и инструктори од Центарот за индивидуална обука.
Обраќајќи се пред стројот, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев на присутните слушатели на курсот им посака успешна работа во текот на реализација на курсот, а исто така посочи целосно и темелно да се ангажираат во процесот на обуката.
Целта на оваа активност е да се обучат припадниците на лесната пешадиска баталјонска група (лпбг) и останатите единици на Армијата за водење на тактички единици од ниво на тим и одделение, како и совладување на тактиките, техниките и процедурите за водење на лесни пешадиски операции со што би биле компатибилни со стандардите на НАТО за изведување на овој вид на задачи. Стекнатите знаења би ги примениле подоцна, при подигање на обученоста на персоналот од лпбг и армиските единици, при исполнувањето на добиените НАТО цели и способности.