Во Командата за обука и доктрини во Центарот за обука и дресура на кучиња лоциран во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје се реализираше посета од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани за Република Северна Македонија.
За време на посетата беа прикажани мисијата, задачите, историјата, структурата, опремата и капацитетите на единицата. Истакната беше и целта на посетата, а тоа е продлабочување на соработката во областа на одгледување и дресура на службени кучиња, со посебен акцент на едукација на персоналот кој е задолжен за истата.
За крај на посетата се реализираше и практична обука и методско- показна вежба со службени кучиња од различна категорија. Во текот на вежбите, присутните имаа можност да ги погледнат постапките при пребарување на експлозив на моторно возило, пребарување на мини, повредени лица итн.