Во период од 10.04.2018 до 31.05.2018 година во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини се реализираше Примарен курс за лидери 1-18. Курсот го посетуваа професионални војници, припадници од единиците на Армијата на Република Македонија.
Целта на курсот е слушателите да се обучат и оспособат за реализација на должностите во единиците како лидери на тимови. За време на реализација на курсот тие се стекнаа со знаења за успешно реализирање на обука, како и правилно применување на тактиките, техниките и процедурите на ниво на тим, при извршување на борбени задачи.
Темите и содржините од курсот се реализираа преку усни излагања и дискусија, а посебен акцент се даваше на практичната обука со што професионалните војници се стекнаа со знаења кои понатаму ќе ги користат во матичните единици.
Со завршување на овој курс професионалните војници добиваат сертификат за завршен курс и со тоа исполнуваат еден од условите во иднина да бидат кандидати за Основениот курс за подофицери. На тројцата најдобри слушатели им беа доделени пофалници, а на најдобриот слушател на курсот, за особено залагање и постигнати резултати, му беше доделена монета од Главниот подофицер на АРМ, која му ја додели Главниот подофицер на Командата за обука и доктрини.