На ден 09.03.2023 година, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ Велес, се реализираше пригодна свеченост за примопредавање на должност началник на Центарот за симулации (ЦС), во Командата за обука и доктрини (КОД). Должноста началник на ЦС од потполковник Миле Марковски ја прими потполковник Александар Крстевски. Потполковникот Крстевски досега ја извршување должноста началник на секција за контрола на вежби и анализа во ЦС.
Во текот на својата кариера потполковникот Александар Крстевски има извршувано повеќе командни и штабни должности, меѓу кои и командант на Баталјонот за Воздушно набљудување и јавување.
Во своето обраќање командантот на КОД, полковник Васко Коколански на досегашниот началник му упати искрени честитки за несебичното залагање и вложување во унапредувањето на Центарот за симулации. На новиот началник му порача посветено да продолжи во развивањето и модернизацијата на Центарот за симулации.
Досегашниот началник на ЦС се заблагодари на целокупниот персонал за несебичното залагање во унапредување на ЦС како и за животот и работата во центарот, а на потполковникот Крстевски му порача успешно извршување на задачите и внесување на нова енергија за остварување на поставените цели.
Потполковникот Александар Крстевски во својот говор се заблагодари за довербата која му е укажана за поставувањето на должноста началник на ЦС и истакна дека ЦС полека но сигурно го зазема своето место во процесот на поддршка на обуката на командите и штабовите на единиците на Армијата и дека ќе го употреби своето богато искуство во надградба и модернизација на ЦС за да оваа единица продолжи по својот зацртан пат.
За време на свеченоста на симболичен начин беше извршено предавање на должноста Главен подофицер на КОД.
Г/С