Во период од 19-22.10.2016 година во Центарот за одгледување и дресура на кучиња (ЦОДК) лоциран во касарната „Ѓорче Петров“ – Скопје, се реализираше работна посета со делегација од Р. Италија од составот на посебен дел на Карабинери – воено полициска единица во постојана служба на јавната безбедност специјализирана за дресура на кучиња со седиште во Фиренца, Р. Италија.
Оваа посета е согласно планот за билатерална соработка за 2016 година меѓу Министерствата за одбрана на Р. Македонија и Р. Италија. Основна цел на посетата беше продлабочување на соработката во областа на одгледување и дресура на службени кучиња, со посебен акцент на едукација на персоналот кој е задолжен за истата. Во тој контекст, еден инструктор – водач на службено куче од Армијата на Република Македонија го заврши целиот циклус на обука во Центарот во Фиренца. Со продлабочување на соработката, голем број инструктори и водачи на службени кучиња од Армијата на Република Македонија ќе имаат можност да бидат вклучени во обуката на Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња во Фиренца, Р. Италија.
За време на посетата, гостите се запознаа со полигоните за реализација на обуката, одгледувалиштата и условите за живот и работа во Центарот за одгледување и дресура на кучиња. Како круна на посетата беше реализацијата на практична обука со службени кучиња, по работни точки.