Во Командата за обука и доктрини, во период од 06.06.2022 до 09.06.2022 година се реализираше курс за дизајнирање и менаџирање на обуката од страна на инструктори од советодавен тим од Вооружените сили на Обединетото Кралство.
На овој курс учество земаа офицери и подофицери од Командата за обука и доктрини и Центарот за индивидуална обука, и истите се во делот за планирање и изведување на обуката. Со овој курс слушателите преку практична и теоретска настава ги надградуваат своите знаења со цел поефективен пристап при планирањето и изведувањето на обуката.
Г/С