Врз основа на планот и програмата за реализација на курсеви во Командата за обука и доктрини, во период од 14.03.2022 до 25.03.2022 година се реализираше „Основен курс за лидери на психолошка поддршка и справување со стрес при операции“ во насока на имплементација на НАТО STANAG 2565.
Целта на овој курс е преку теоретска и практична настава слушателите стручно да се оспособат да бидат обучувачи на идните курсеви од доменот на справување со стрес при операции.
На свечeноста по повод успешна реализација на курсот Заменик командантот на Командата за обука и доктрини полковник Стојанче Тодоров на психолозите од Армиjaта кои беа обучувачи и на дваесетте слушатели кои успешно го завршија курсот им додели сертификати, и им посака успех во нивната понатамошна работа.
Г/С