Добрата соработка со цивилните институции на Командата за обука и доктрини (КОД), како еден дел од мисијата на единицата, особено со локалните самоуправи и претпријатија во реонот на одговорноста секогаш е во взаемен интерес.
Како дел од континуираната цивилно воена соработка со локалната самоуправа на Велес, од страна на командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев, се одржа средба со градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски на која се разговараше за досегашната соработка и можностите за унапредување на истата.
На средбата помеѓу останатото се разменија мислења и предлози за заедничка поддршка во активности кои се од заеднички интерес, како и за превземените и планирани мерки кои се спроведуваат од страна на Армијата и локалната самоуправа поврзани со справувањето со пандемијата предизвикана од вирусот„COVID-19“.
Потврда за добрата цивилно воена соработка е ангажирањето на Јавното комунално претпријатие „Дервен“, кои во услови кога одреден број на припадници на единицата се ангажирани на други задачи во поддршка на граѓаните, помогнаа во косење на тревнатите површини во кругот во касарната Алексо Демниевски Бауман, каде е сместена КОД.