Денес, во касарната “Алексо Демниевски Бауман” во Велес, новопримените 7 по дофицери во Армијата положија свечена заклетва. На свеченоста присуствуваа: командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, командантот на вВИНГ, полковник Драган Павловски, началникот на штаб во КОД полковник Гоце Филипоски и командантот на Центарот за индивидуална обука, мајор Џунат Веџиоски.
Со давање на свечената заклетва, 7 подофицери од воздухопловно-техничка служба (ВТСл) го започнуваат военото образование, на почетокот со основна војничка обука во касарната “Алексо Демниевски Бауман” во Велес, а подоцна со стручно-специјалистичка обука во вВИНГ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
За време на свеченоста, командантот на КОД, бригаден генерал Лулзим Нуредини и командантот на Центарот за индивидуална обука, мајор Џунат Веџиоски одржаа пригодни говори и на новопримените подофицери им посакаа многу успех во понатамошната обука, нагласувајќи ја важноста на дисциплината, посветеноста и професионализмот во воената служба. Ги потсетија новопримените подофицери на нивната обврска да служат со чест и достоинство, како и на постојаното усовршување и надоградување во текот на нивната кариера.
На крај на свеченоста присутните гости имаа можност да им ја честитаат положената заклетва.








