Питомците од трета и четврта година од Центарот за обука на питомци реализираа завршна тактичка вежба со боево гаѓање на АП „Криволак“.
На вежбата питомците самостојно и под команда во состав на одделение и вод извежбуваа извршување на колективни задачи при офанзивни борбени дејства на различни цели, а воедно се обучуваа во комбинирање на оган, движење за време на напад и синхронизација со соседни единици, стекнувајќи нови знаења и вештини за офанзивни борбени дејства и регулирање на оган на одделение и вод.
Постапките кои ги изведуваа ги следеа заменик командантот на Командата за обука и доктрини полковник Стојанче Тодоров, деканот на Воената Академија полковник Митко Богданоски и претставници од Генералштабот на Армијата и Командата за операции.