Денес 24.03.2015 година во Центарот за индивидуална обука согласно годишниот План за обука на Команда за обука и доктрини (КОД), се реализира тромесечен брифинг за обука (ТБО) и тромесечно реферирање за состојбата на поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на АРМ.
Пред командантот на КОД полковник Љупчо Костовски, во присуство на целокупниот штаб од командата, командантите и началниците на потчинетите единици презентираа за состојбите со персонал, одржувањето на материјално-техничките средства и опремата и активностите од доменот на обуката за првото тромесечје во 2015 година.
На ТБО се даде осврт на реализираните тежишни активности и предизвиците со кои се соочуваат единиците во изминатиот период, како и предлози за нивно надминување и приоритети за наредниот период. Како заклучок на истиот е констатирана досегашната успешна поддршка од страна на КОД на единиците на АРМ во доменот на колективната обука.