Денес 15.09.2015 година во Центарот за обука на питомци во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, согласно годишниот План за работа на Команда за обука и доктрини (КОД), беше реализиран тромесечен брифинг за обука (ТБО) и тромесечно реферирање за состојбата на поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на АРМ.
Пред Командантот на КОД полковник Љупчо Костовски, во присуство на целокупниот штаб од командата, командантите и началниците на потчинетите единици презентираа за состојбите во своите единици од областа на одржувањето на материјално-техничките средства и опремата како и за реализираните активности и достигнувања од делот на обуката во третото тромесечје во 2015 година.
Тежиште на ТБО е дадено на сеопфатан анализа на реализираните тежишни активности и предизвиците со кои се соочуваа единиците во изминатиот периос, напредлозите за нивно надминување како и на приоритетните задали кои ги очекуваат единиците во наредниот период. Како заклучок на реферирањето константирано е успешно извршување на мисијата на КОД, особено во делот на давање на поддршка на единиците на АРМ во доменот на колективната обука.