Во Центарот за одгледување и дресура на кучиња (ЦОДК) во периодот од 06-17 Октомври истовремено се реализираа: Курс за обука за водачи на службени кучиња на службени лица од Министерството за внатрешни работи (МВР) и редресура на службени кучиња од заштитно-патролна категорија и Курс за обука на службени лица од МВР за водачи на службени кучиња и пополна со службени кучиња од заштитно-патролна категорија. Двата курса се реализираа за потребите на припадниците на МВР.
ЦОДК е единствен центар во кој се врши одгледување, дресура и редресура на кучиња за различни намени за припадници на АРМ и МВР.
Стручно специјалистичка обука со полициските службеници и редресура на кучиња реализираше инструкторскии тим од ЦОДК предводен од командирот на курсот наредник Ристе Гиовски – главен инструктор за обука заедно со инструктор – дресер и еден маркирант.
По завршувањето на курсевите учесниците се здобија со сертификат за завршен курс за водач на службено куче од заштитно патролна категорија.