Во период од 20.01.-19.02.2016 година, во Центарот за индивидуална обука од составот на Командата за обука и доктрини се одржа Борбено штабен курс за подофицери.
Обуката беше реализирана од инструктори кои своите знаења и искуство успешно ги пренесоа на слушателите. За време на реализација на обуката слушателите имаа можност да се запознаат со функционалните должности и одговорности на штабните подофицери и да се запознаат со местото и улогата на подофицерите во процесот на донесување на воена одлука. По завршување на курсот истите ќе бидат обучени и оспособени за работа во штаб на ниво на баталјон-бригада.
На курсот, кој го посетуваа 19 подофицери од единици на АРМ, ги надградија веќе стекнатите знаења и истите ќе имаат можност да ги применат на новите должности.
Планираната настава заврши со испит на кој се провери стекнатото знаење на слушателите.