Во услови на активен пожар во атарот на скопското село Грачани, воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска беше ангажиран со хеликоптер Ми-8МТ, обезбедувајќи директна воздушна поддршка на силите кои се борат со огнената стихија на теренот.
За време на тричасовниот ангажман, хеликоптерот реализираше повеќе летови и изврши 14 прецизни исфрлања, при што врз критичните точки беа истурени вкупно 28 тони вода. Дејствувањето од воздух беше насочено кон најкритичните делови од пожарот, со цел спречување на негово понатамошно ширење.
Ангажманот на воздухопловните сили се реализираше во непосредна координација со надлежните институции и екипите ангажирани на терен, согласно развојот на состојбата и потребите за дејствување од воздух.
Воздухопловниот ВИНГ останува во целосна оперативна подготвеност за воздушна поддршка таму каде што тоа е најпотребно, со единствена цел, навремена заштита на населението, имотот и природата.








