Во Командата за обука и доктрини во АП Криволак, 30 слушатели професионални војници од единиците на Армијата, денес 30.11.2020 година го завршија лидерскиот курс за водачи на тимови и одделенија.
Со завршетокот на курсот, единиците на Армијата добија професионални војници оспособени за работа на должностите во единиците како лидери на тимови и одделенија-десетари. Низ текот на двенеделната обука од страна на лидерот на наменската група за обука поручникот Зоран Темов, заедно со главниот подофицер и 3 инструктори од ЦИО во соработка со капетанот Деглан Онил, којшто беше командир на мобилниот тим за обука и 4 инструктори од Обединетото Кралство кои беа задолжени за обука, слушателите на курсот ги оспособија за успешно командување со тимови и одделенија.
Строевата обученост и изграденост на слушателите се подигна на повисоко ниво за време на смотрите, низ реализирањето на обуката и при секое друго постројување и организирана активност. Исто така се повторуваа и подобруваа веќе стекнатите воено стручни знаења во ракување со оружје и воена опрема на ниво на тим-одделение, методичка подготовка за успешно реализирање на обука, правилна примена на тактиката, техниката и процедурата на ниво на тим и одделение при извршување на борбена задача.
На завршетокот на курсот, којшто беше проследен со ригорозни протоколи за справување и спречување на ширење на вирусот COVID-19, беа присутни главниот наредник Бране Петрески и командантот на 2 пешадиски баталјон потполковник Стојанче Костов. Воедно им беа доделени сертификати на сите слушатели за завршен курс за водачи на тимови и одделенија.
ЦВ