На 11 Април 2014 година (петок) во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини завршија Методичкиот курс за обука на подофицери и Курсот за ракувачи на материјални средства. Слушатели на двата курса беа подофицери од сите единици на Армијата на Република Македонија.
Методичкиот курс кој започна на 4-ти март 2014 година се реализира со вкупно 29 слушатели подофицери. Низ обуката на овој курс тие стекнаа знаења кои понатаму еднообразно ќе ги применуваат во реализацијата на обуката во сите единици, на Армијата на Република Македонија. Низ процесот на обука слушателите ги осовременија формите, облиците и начинот на изведување на обука, користење, чување и одржување на наставните средства за обука со кои располага секоја единица.
Курсот за ракувачи на материјални средства започна на 31-ви март, истиот денес го завршија 30 подофицери поставени на должност ракувачи во единиците на АРМ. Низ обуката слушателите вршеа проработка на правилата и прописите со кои е регулирано работењето со материјалните книги, евиденциите и техничката документација за МС кои се должат. Со овој курс ракувачите се обучуваа во постапките за: прием, сместување, чување и одржување, водење на документите во магацините за МС, следење на состојбата и нивното движење.
За успешен завршеток на обуката на двата курса 59 подофицери добија сертификати кој им ги врачи застапникот командант на Центарот за индивидуална обука мајор Оливер Велески.