Денес 14 Октомври 2014 година во Центарот за индивидуална обука во состав на Командата за обука и доктрини заврши Методичкиот курс за обука на подофицери. Курсот го завршија 24 подофицери, припадници на единиците на Армијата на Република Македонија.
Низ процесот на планираната обука на Методичкиот курс подофицерите стекнаа знаења кои понатаму ќе ги применуваат во реализацијата на обуката во сите единици на Армијата на Република Македонија.
Со завршувањето на курсот слушателите ги осовременија формите, облиците и начинот на изведување на обука, користење, чување и одржување на наставните средства за обука со кои располага секоја единица.
За успешен завршеток на обуката слушателите подофицери добија сертификати кој им ги врачи заменикот командант на Центарот за индивидуална обука мајор Оливер Велески.