На 27 октомври 2026 година беше реализирана посета на Баталјонот на Воена полиција (бВП) од страна на делегација од Асоцијацијата на одбранбени аташеи, акредитирани во земјава. Делегацијата беше пречекана од страна на командантот на бВП, потполковник Тони Павлоски и претставниците од штабот на бВП.
За време на посетата беше реализиран брифинг за организациско – формациската структура, задачите, активностите, како и за предизвиците и плановите за наредниот период на единицата.
Во склоп на посетата во касарната ,,Илинден“ на делегацијата ѝ беше презентиран тактичко-технички збор на вооружувањето и опремата со кои располага единицата, како и методско-показна вежба на тема: „Употреба на службено куче за откривање на импровизирани експлозивни направи“.
Посетата на бВП претставува редовна активност, која се реализира врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана и Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во земјава.








