На ден 5 јуни 2026 година, припадниците на 12-тиот Македонски контингент во рамки на мисијата КФОР во Косово реализираа обука на тема „Fire Phobia“ во кампот „Ново Село“.
Обуката беше успешно спроведена согласно предвидените стандарди и процедури, при што припадниците покажаа високо ниво на професионалност, подготвеност и дисциплина при извршувањето на задачите. Преку практични и теоретски активности, персоналот ги унапреди своите способности за навремено реагирање, справување со ризици и примена на безбедносни мерки во различни ситуации за справување со толпа.
Со успешно реализираната обука, припадниците на контингентот ја потврдија својата обученост, координираност и оперативна подготвеност за извршување на задачите во рамки на мисијата КФОР.








