Во месец Декември традиционално во базата каде е сместен главниот штаб на мисијата ИСАФ e организирана воена свеченост на која од страна на високи старешини од командата на припадниците на националните контингенти кои извршуваат задачи во базата им беше врачен НАТО медал за учество во мисијата кое претставува признание за високо и професионално извршување на задачите во текот на мисијата.
На свеченоста по повот делувањето на НАТО медалите покрај началникот на штаб на ИСАФ генерал потполковник Ѓорѓио Батисти присутни беа и генерал мајор Грег Потер и бригадните генерали Грег Лоренц, Алан Елиот и Бернард Матисон. Во говорот им се одаде признание на сите припадници во мировната мисија при што беше потенцирано дека мировниците се вистински борци, бранители на слабите и чувари на мирот, како и дека градењето на мирот е достоинствена задача која води до најблагодарната титула која некој може да ја стекне”.