Согласно Планот за билатерална соработка (ПБС) помеѓу министерствата за одбрана на Република Северна Македонија и на Република Италија за 2024 година, во период од 24 до 26 септември 2024 година, во Командата на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) на Армијата се одржа средба на претставници на италијанското воено воздухопловство и претставници на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.
Темите на разговор беа од доменот на противвоздушна одбрана и соработка за воздушно патролирање. За време на посетата италијанската делегација одржа работен состанок во Македонска навигација (М-НАВ).
Оваа активност ја потврди заложбата на двете страни за продолжување и продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството, како дел од ПБС за 2024 година.
ЈИ