Денес во пресрет на одбележувањето на Денот на Првата пешадиска бригада (1.пбр) и на петгодишнината од влезот на Армијата во НАТО, припадниците од командата, штабот, инженерискиот баталјон и приштапските единици на 1.пбр реализираа хуманитарна акција.
Во ООУ„Кочо Рацин“ во Општина Петровец беа донирани средства за работа и реквизити за деца со посебни потреби.
Средствата беа донирани во присуство на градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски и директорката на ООУ ,,Кочо Рацин“ од Општина Петровец, Виолета Јаневска.
Припадниците на 1.пбр и овој пат, како и многу пати досега, на дело ја покажаа хуманоста да помогнат онаму каде што тоа е потребно.
Соработката на Армијата и локалната заедница отсекогаш била на високо ниво, а така и ќе продолжи во иднина.
ГЃ/ДЧ