По повод на одбележување на пет години од членството на Армијата во НАТО, припадниците од Баталјонот на Воена полиција (бВП) и Воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) на ден 27.03.2025 година реализираа хуманитарна акција со собирање на финансиски средства донирани на доброволна основа.
Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Петровец, во присуство на претставници од општината и од училиштето, припадниците на вВИНГ донираа помагала за работа за децата со посебни потреби.
Припадниците од бВП, пак, донираа прехранбени средства во Здружението за грижа на лица со посебни потреби „CFDK“ Струга и Добротворната организација „Струга“ од Општина Струга.