Во период од 13-ти до 15-ти март 2018 година, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ се реализираше Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Предизвик 2018“, со што е означен продолжетокот на билатералната соработка со вооружените сили на Република Словенија.
Иницијалната планирачка конференција се реализираше со цел усогласување на техники тактики и процедури за ракетни системи со мал дострел, планирање на обука на персонал за реализација на вежбата, дефинирање на временскиот период за одржување на вежбата, дефинирање на период за одржување на главна планирачка конференција.
На ИПК учествуваа и претставници од вооружените сили на Република Словенија кои најпрвин беа примени од командантот на Воздухопловната бригада (вбр), полковник Роберт Малезански, кој им посака добредојде и успешна работа. По што продолжија со состаноци и разработување на планот за вежбата, како и запознавање со првичните побарувања и замисли на ВС на Р Словенија, изработка на технички аранжмани и други обврски.
На ИПК најголемиот дел од планираните активности беа реализирани меѓу кои дефинирано е датумот за одржување на главната планирачка конференција, обука за припадниците на баталјонот за противвоздушна одбрана за ЛПРС „ИГЛА“ во Р Словенија, датум за реализација на вежбата „Предизвик 2018“, изработка на технички договори за потребите на вежбата и тн.
Планирачкиот процес продолжува во месец мај со главна планирачка конференција која ќе се одржи во периодот од 21-24 мај 2018 година во Република Словенија.