На ден 06.07.2021 година со клучниот персонал од Командата за операции (КО), командантите на потчинетите единици предводени од командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини се реализира командантско извидување и месечно реферирање.
Извидувањето на просторот и на неговите воено-географски карактеристики на граничниот премин Меџитлија и Мермерното Езеро во околината на с. Беловодица, Прилеп се реализираше преку проучување на земјиштето и согледување на можностите за употреба на единиците на Армијата и координација со останатите субјекти на одбранбено-заштитниот систем во државата.
Во рамки на командантското извидување, во касарната Мирче Ацев во Прилеп, беше реализирано и месечно реферирање на командантите на потчинетите единици пред командантот на КО за реализираните задачи во изминатиот период, нереализирани задачи и тежишни активности за наредниот период.