Согласно Годишниот календар за обука за 2021 година, припадниците од командата и штабот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), реализираа кондиционен марш предводен од командантот на бригадата, бригаден генерал Бесник Емини.
Маршот се реализираше на правецот с. Брезица, Скопско до вештачкото езеро „Младост“ кај Велес во вкупна должина од 13 км.
Старешините од командата и штабот на 1.пбр маршираа на споменатиот правец со цел подобрување на физичката подготвеност, но и да се запознаат со природно-географските карактеристики долж рутата на маршот.
ГЃ/ЧС