На 18 Ноември 2013 година (Понеделник) врз основа на календарот за обука на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) за 2013 година старешините и цивилните лица реализираа кондиционо рекреативен марш на релацијата од населбата Карпош преку селото Младо Нагоричане до реката Пчиња при што беа препешачени 10 тина километри пат.
Ваквите активности кои согласно Планот за обука се изведуваат неколкупати годишно и се одлична можност за припадниците од командата да ја оддржат кондицијата на потребно ниво со оглед на фактот дека активностите надвор од командата се поретка можност за физичка активност, како и можност за размена на искуства на припадниците од поминатите активности во тактичките единици каде овој вид на активности се застапени во многу поголема мерка. Овојпат за време на изведувањето на кондиционо рекреативниот марш и временските прилики беа наклонети за овој вид на активност.