Во периодот од 26.07.2017 година, сквадронот на транспортни хеликоптери од составот на воздухопловната бригада учествува со два хеликоптери во гаснењето на пожарите на територијата на Република Македонија.
Воедно во гасењето на пожарите учествуваат два странски хеликоптер, еден од Република Бугарија и еден од Република Турција, со што командата на воздухопловната бригада командува и соработува со странски екипажи и воздухоплови.
Во изминатиот период хеликоптерите беа ангажиран на неколку локации и тоа, с. Требовље, Орман и Матка, при што беа фрлени 554 ведра вода (1108 тони вода).
Хеликоптерите на Армијата на Република Македонија се ангажираат заради густата пошуменост и непристапноста на теренот. Со интервенцијата од воздух се прават напори да се спречи проширувањето на огнената стихија и поголема штета по шумскиот фонд.
Со оваа интервенција, припадниците на воздухопловната бригада ја потврдија својата спремноста за брзо реагирање и умешноста за гасењето на шумските пожари на непристапните делови на територијата на Република Македонија.