На ден 14.08.2015 година во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се реализира акција за доброволно дарување на крв во рамките на програмата за одбележување на Денот на АРМ – 18ти Август.
Во крводарителната акција која се реализира на ниво на гарнизонот Петровец, учествуваа припадниците на воздухопловната бригада, командата на прва механизирана пешадиска бригада и втора логистичка чета кои се стационирани во касарната „НХ Страшо Пинџур“.
За време на оваа хуманитарна акција припадниците на АРМ од гарнизонот Петровец даруваа 60 единици од оваа животоспасувачка течност.
Крводарителната акција е реализирана во соработка со Институт за трансфузиологија на град Скопје.