На ден 28.03.2017 година, во рамките на одбележувањето на 2. Април – Денот на 1.механизирана пешадиска бригада, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се реализираше крводарителна акција.
Во крводарителната акција, во организација на Црвениот Крст на Република Македонија, учество зедоа припадници од сите единици лоцирани во гарнизонот Петровец при што беа дарувани 75 крвни единици.
Акцијата е реализирана во соработка со Заводот за трансфузиологија од Скопје, а во текот на оваа година кога АРМ го одбележува јубилејот 25 години од формирањето ќе се организираат повеќе вакви крводарителни акции во рамките на одбележувањето на деновите на единиците лоцирани во гарнизонот Петровец.