Согласно годишниот План календар за обука на Командата за обука и доктрини за 2026 година во Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња, во рамките на доделената мисија се реализираа курсеви за обука на војници за водачи на службени кучиња, како и дресура, редресура за разни намени и кондицирање на службените кучиња. Во период од 12.02. до 14.07.2026 година се реализираше и Курсот за обука на водачи на службени кучиња за пребарување на наркотични средства и дресура на службено куче за откривање на наркотични средства.
Овој курс се реализираше во два дела, каде што првите два месеца се реализираше во ЦОДК, а специјалистичкиот дел во траење од 3 месеци се реализираше во соработка со единицата за службени кучиња при МВР на полигоните на МВР.
Во рамки на завршната вежба беше спроведено оценување на службено куче специјализирано за детекција на наркотични средства. Активноста опфати практични задачи за пребарување на отворен простор, како и пребарување во објекти и простории, при што беа проверени способностите и координацијата на водачот и службеното куче за успешно откривање на наркотични средства.








