По повод одбележувањето на Денот на единицата, на 1 октомври 2026 година, припадниците на Баталјонот за врски, во соработка со Градската општа болница „8 Септември“, реализираа крводарителска акција, при што беа собрани 41 единица крв.
Со оваа хумана активност, припадниците на Баталјонот за врски уште еднаш ја потврдија својата подготвеност да помогнат во спасувањето на човечки животи и да придонесат кон обезбедувањето на потребните резерви на крв.
Во акцијата се приклучија и припадници на Баталјон на специјални сили, со што уште еднаш беше потврдена солидарноста и хуманоста на припадниците на Армијата.








