На АП ,,Криволак“ во рамките на годишен план за обука на единицата 1. механизирана пешадиска чета (1.мпч) и минофрлачката батерија 120 мм (мфб 120 мм) од составот на 4. механизиран пешадиски баталјон, реализираа стационарно логорување и изведоа Тактичката вежба со боево гаѓање (ТВБГ) со чета.
За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ можеше да се види одлична извежбаност и подготвеност на единицата на теренот, демонстрирана со реализација на ТВБГ „пешадиска чета во напад, засилена со артилериска поддршка од мфб 120 мм“.
Реализацијата на ваква тактичка вежба бара добра извежбаност и совладување на теренот, уништување на целите од страна на пешадиски единици и артилериска поддршка. За реализација на ваква вежба потребен е висок степен на обученост, добра кондиција и координација, што практично го покажаа и припадниците од 4.мпб за време на реализацијата на гаѓањето.
ЈВ/ГЃ/ЧС/БН