Началникот на Генералштабот на АРМ (НГШ на АРМ), генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, во придружба на ЗНГШ генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на ЗОК генерал-мајор Павле Арсоски, реализира информирање на персоналот, бригадата за Логистичка Поддршка и Воениот Медицински Центар, како и од секцијата Ј4/ГШ на АРМ.
Обиколката на командите и единиците како планска активност е со цел запознавање на персоналот со актуелните појави и настани, како и приоритетите на АРМ за тековната година.
На самиот почеток НГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски го запозна персоналот со актуелностите во АРМ, обврските и приоритетите во идното работење, го истакна професионализмот на сите полиња во работата на персоналот како поединец и единица како компактна целина.
На крајот од информирањето, НГШ на АРМ генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, истакна дека ваквите информирања се корисни и истите ќе продолжат во континуитет да се реализираат и во понатамошниот период.
СС/ЛС/ЧС/НЈ/ПА