Во период од 5 до 9 мај 2025 година, на терените на Осоговските Планини, согласно Годишниот календар за обука беше изведена стручно-специјалистичка обука од предметот „Базирање и исхрана во природа“. Како и секоја година, така и оваа, припадниците на извидувачкиот вод (ив) од Четата за воено разузнавање (чВР) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), успешно ја реализираа обуката.
Целта на обуката е персоналот практично да се обучи во опстојување во природа, самостојно создавајќи услови за живот и работа, тогаш кога тоа е потребно или во услови кога нема редовно снабдување на единицата со основни намирници за живот. Обуката се изведе преку изработка на објекти за сместување, исхрана, пронаоѓање и користење на артикли од животинско и растително потекло од планините и реките во поширокиот реон на местото за реализација на обуката, како и нивна подготовка за исхрана.
Извидувачите се стекнаа со нови и ги надоградија постоечките способности со потребните техники и вештини, ја зголемија сигурноста и самодовербата во своите можности и практично ја покажаа обученоста и подготвеноста за извршување на обврските и задачите во реални услови, изолирани, без секојдневни средства и намирници за живот и работа.
ЧС/МЃ