Припадниците на Извидувачко-разузнавачкиот баталјон, во периодот од 22-28 јуни 2026 година, успешно реализираа обука за базирање и исхрана во природа.
За време на обуката беше реализиран целиот процес на воспоставување и организација на база, како и активности поврзани со обезбедување, подготовка и користење на храна со искористување на ресурсите достапни во природата. Припадниците ги надградија своите знаења и практични вештини за самостојно преживување, рационално користење на ресурсите и функционирање во теренски услови.
Како завршна активност, беше спроведен кондиционен марш, при што беше извршена проверка на физичката подготвеност, издржливоста и способноста на припадниците за извршување задачи во продолжени и отежнати услови.
Со реализацијата на оваа обука, Извидувачко-разузнавачкиот баталјон продолжува со континуирано одржување и унапредување на своите оперативни способности, во согласност со поставените стандарди и барања за борбена готовност.








