Во касарната „Чојлија“ припадниците на четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана (чАБХО), од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), со воена свеченост го одбележаа 9-ти мај Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски, со началниците на секции од командата и штабот на 1.пбр, офицерот за АБХО од Командата за Операции и командантите на единиците од 1.пбр.
За време на свеченоста капетан Генц Дилавери беше поставен на должност командир на чета, кој се заблагодари за довербата која му е дадена за оваа одговорна функција и истакна дека ќе продолжи да работи посветено. Должноста командир на чета ја презема од капетан Иван Жежов кој моментално се наоѓа на школување во САД. Капетанот Генц Дилавери досега ја извршуваше должноста, началник на Центар за НХБ Анализа во чАБХО.
Командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата, ги нагласи реализираните активности во изминатиот период како и задачите и обврските што следуваат во наредниот период.
Единицата е составена од високо обучен кадар, кој во секое време може да обезбеди нуклеарна, хемиска и биолошка заштита (НХБ), како на единиците на Армијата, така и на цивилните структури во државата.
На свеченоста по повод денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за припадниците на единицата.
ЧС