Денес во касарните „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец и „Народен херој Мирче Ацев“ во Прилеп, со полагање на свежо цвеќе беа одбележани патронатите и 82 – годишнината од смртта на народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев.
Во касарната во Петровец свежо цвеќе положија делегации од: Командата за операции, Командата на 1.пешадиска бригада, Командата на воздухопловниот ВИНГ, како и претставници на Општината Кавадарци и Музејот на град Кавадарци.
Претставникот од Музејот на град Кавадарци одржа историски час, посветен на животот и делото на Страшо Пинџур, потсетувајќи ги присутните на неговиот храбар и слободарски дух.
Во касарната во Прилеп свежо цвеќе положија делегации од: Командата на 1. пешадиска бригада, Артилерискиот баталјон, Општината Прилеп, Општината Битола, Сојузот на борците од Прилеп , внукот на Мирче Ацев и од СОУ „Мирче Ацев“.
Пред присутните во касарната во Прилеп, за животот и делото на народниот херој Мирче Ацев, свое обраќање имаше командантот на Артилерискиот баталјон, потполковник Славчо Кузманоски, кој истакна дека одбележувањето на патронатот ги зацврстува традициите со богатата македонска историја и дека припадниците на Армијата се должни да ги почитуваат делата и дадените животи на сите борци за слободна и независна држава.
Програмата ја збогатија учениците од СОУ „Мирче Ацев“ во Прилеп со свои рецитали и музички точки.
ГЃ/ЈИ/ДЧ/ЧС