Во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово со воена свеченост, припадниците на 3.пешадиски баталјон (3.пб) го одбележаа Денот на единицата и свечено отворање на спомен-соба на Гарнизон Тетово.
По тој повод на денешната свеченост присуствуваа командантот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), бригаден генерал Сашко Лафчиски, команданти на потчинети единици на 1.пбр, претставници од штабот на 1.пбр, поранешни команданти на 3.пб, претставници на локалната самоуправа и други гости.
На свеченоста по повод Денот на единицата беа прочитани честитки и наредби за стимулативни мерки за припадниците на единицата, 3.пешадиски вод од 1.пешадиска чета е прогласен за најдобар вод од составот на 3.пб.