На ден 21.03.2023 година искористувајќи ги поволните временски услови припадниците на Командата за операции и првопотчинетите единици го одбележаа „21 март – Денот на пролетта“.
Во еколошките активности беа засадени повеќе стотина садници и други видови на цвеќиња на повеќе локации во касарните.
Традиционално, заштитата и унапредувањето на животната средина и природа во сите касарни каде се лоцирани единиците од составот на КО се изведуваше и со чистење и средување на круговите на касарните со засадување на садници.