Во касарната „Јане Сандански“ во Штип со воена свеченост со почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19”, беше одбележан „17 ти Септември“, Денот на 2. пешадиски баталјон (2.пб), од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр).
На свеченоста присуствуваа, командантот на 1.пбр, полковник Бесник Емини со дел од персоналот на командата и штабот на бригада и командантите на потчинетите единици од нејзиниот состав.
Пред стројот на единицата и присутните гости на свеченоста, пригодно обраќање имаше командантот на 2.пб, потполковник Стојанче Костов, кој во својот говор се осврна на историскиот пат на 14-та ММНОУ (14-та Младинско македонска народно ослободителна ударна бригада) „Димитар Влахов“, формирана во 1944 година во селото Митрашинци, продолжувајќи ги традициите на таа славна бригада. Силата на оваа единица доаѓа од храброста и чесноста на припадниците кои професионално и достоинствено и служат на Армијата под мотото ЧЕСТ И СИЛА. Исто така, тој истакна дека, „Нашата единица. 2.пб како основа за формирање на ЛПБГ (лесна пешадиска баталјонска група) ќе продолжи кон нови достигнувања, преку зголемување на нивото на обученост и интероперабилност со нашите НАТО партнери, ќе продолжиме по патот на остварување на нови и повисоки цели“.
Во својот говор пред присутните, обраќање имаше и командантот на 1.пб, полковник Бесник Емини кој меѓу другото истакна, „Ви го честитам празникот Денот на 2.пб и ви оддавам огромна благодарноста за се што досега ова единица има постигнато како во одбраната на јужната и северната граница од бегалската криза, справувањето со пандемијата на КОВИД-19 така и во извршувањето на задачите и мисите надвор од нашата земја заедно со останатите партнери и членки на НАТО“.
По повод Ден на единицата беше положено и свежо цвеќе на спомен обележјето „Македонија“ во касарната „Јане Сандански“ – Штип во чест на припадниците од 2.мпб кои ги положија своите животи во конфликтот во 2001 година.
Со одлука на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 17 Септември е прогласен за „Ден на 2.пб“ во чест и сеќавање на традициите на 14-та ММНОУ (14-та Младинско македонска народно ослободителна ударна бригада).
ГЃ/ЈМ/БН