Во касарната „Боро Менков“ – Куманово со воена свеченост припадниците на четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана (чАБХО), од составот на Команда за операции го одбележаа Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа командантот на Гарнизонот Куманово, потполковник Шпејтим Черими, претставници од Командата за операции, офицерот за АБХО од ГШ на Армијата и припадници на единиците во Гарнизон Куманово.
Командирот на единицата, капетан Генц Дилавери во своето обраќање истакна: „Единицата е составена од високо обучен кадар, кој во секое време може да обезбеди НХБ заштита како на единиците на Армијата така и на цивилните структури во државата и е единствената единица која во своето име го содржи зборот „ОДБРАНА“, збор за кој вреди да се положи и животот за сопствениот народ и кој нас војниците не поврзува со славното минато и не прави горди во сегашноста“.
На свеченоста по повод Денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за припадниците на единицата, а за најдобро одделение од чАБХО беше прогласено 3.одделение од 1.вод.